еМагазин
Image default
Бизнис

Охрид „распродаден“ за празниците

Околу 70 – 80 отсто од туристичките капацитети во Охрид се веќе закупени за претстојните велигденски и првомајски празници, рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

Јаневски на прес-конференција соопшти дека се потпишуваат и аранжманите за летото.

-Се надеваме дека со иницијативата „Отворен Балкан“ ќе ја воведеме долгоочекуваната авиолинија Белград – Охрид, а догодина ќе ја овозможиме и линијата Софија – Охрид, Охрид- Варна, истакна директорот, додавајќи дека за празниците во земјава се очекуваат и странски, не само туристи од регионот.

Според него, во 2022 се очекува зголемување за 20 – 30 отсто на турските туристи, натамошен раст на српските гости, како и драстично зголемување за 100 или повеќе проценти на холандските туристи.

-Еден од холандските тур-оператори најави дека во јуни ќе има четири чартери, во јули и август се надева дека ќе воведе и петти чартер, односно 80 – 100 чартери во текот на сезоната што е одличен сигнал за другите дестинации и големите тур-оператори дека земјава е сигурна дестинација. Поголем број туристи очекувам и со рестартирање на „Виз Ер“ линиите, рече директорот.

Негова оценка е дека туристичката сорабокта со Бугарија ќе се интензивира, не само по воведувањето на авиолинијата, туку и поради намалување на мерките, подобрувањето на ковид состојбата и поголемата политичка соработка.

-Се надеваме дека во 2022 бугарските туристи ќе бидат меѓу првите осум во земјава, подвлече Јаневски.

Тој уште еднаш кажа дека вложувањата во туристичката индустрија се многу важни, а моментно треба да се насочени пред се кон руралниот и еко туризмот.

-Уделот на туризмот во домашниот БДП е три отсто за разлика од регионот каде што е 10 – 11 проценти, посочи Јаневски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за угостителскиот објект каде беше затекнат Мицкоски

Редакција

(Фото) Нов македонски бренд: „Гордион амбер“ – крафт ракија од гевгелискиот регион

Редакција

Арсовска: Владеењето на правото треба да е над политиката

Редакција