еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Охридската полиција го приведе вториот од напаѓачите на Пендиков

Полицијата во Охрид вчера попладнето го привела 23-годишниот битолчанец Б.А., кој е вториот осомничен напаѓач на Христијан Пендиков од Охрид.

Портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски, потврди дека вчера во 17 часот полициски службенци го лишиле од слобода Б.А., лице барано со централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

Според Димоски, Б.А. е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното Основно јавно обвинителство. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напаѓачот на Пендиков излезе од притвор, остана без пасошот

Закажано судењето за нападот врз Пендиков, на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуроњуз: Софија го блокира Скопје поради своите внатрешно-политички проблеми

Редакција

Очув со тупаници удирал едногодишно дете по глава додека го превезувал кај дадилката

Редакција

Работници неможат да стигнат на работа: Сообраќаен метеж низ Скопје, приватните автобуси не возат, во тек реконструкции на неколку сообраќајници

Редакција