еМагазин
Image default
Македонија

Закажано судењето за нападот врз Пендиков, на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди

Охридскиот Основен суд за 28 февруари го закажал првото рочиште против лицето кое е обвинето за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди, објави „Телма“.

Основното јавно обвинителство – Охрид пред десетина дена поднесе обвинение против две лица за нападот врз Пендиков.

Единиот обвинет досега се брани со молчење, и како што информирале од Обвинителството, тој се товари за ова кривично дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци.

Вториот обвинет засега е недостапен и по него се трага.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендиков ќе добие и стипендија за студии, откако бугарската држава му даде стан и обезбедување

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жители на Врање одат по млеко во Македонија

Редакција

Четири нови случаи на Ковид-19 во тетовско, 3 во Тетово

Редакција

Спасените 12 пациенти немаат повреди од пожарот, еден починат меѓу ковид-болните во Тетово

Редакција