еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Заврши потрагата по преживеани во Турција, почнува чистење на урнатините

Потрагата по преживеани и жртви од земјотресот што ја потресе Турција на 6 февруари е прекината, а тимовите за уривање почнаа да ги расчистуваат урнатините, соопштија денеска локалните власти.

– Напорите за пребарување и спасување се завршени во зоната на земјотресот, освен во јужните провинции Кахраманмарас и Хатај, изјави Јунус Сезер, шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Сезер рече дека повеќе од 20.000 лица продолжуваат да работат на теренот, додавајќи дека напорите за пребарување и спасување продолжуваат во речиси 40 згради.

Речиси 250.000 шатори и над 6.000 контејнери се поставени во зоната на земјотресот.

АФАД соопшти дека во „зоните на катастрофи“ што ги прогласи владата и опфаќаат 11 провинции, по првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени, потоа се случиле уште 6.040 земјотреси.

АФАД предупреди дека „исклучително е важно луѓето да бидат подалеку од оштетените објекти и да не влегуваат во нив“.

Се предупредува и на дополнителни опасности, како што се свлечишта и одрони.

Околу 105.794 објекти, кои беа проверени од турското Министерство за животна средина и урбанизам, се или уништени или толку оштетени што е неопходно да се урнат, со безбедносни мерки, од градежните екипи.

Според последните податоци, најмалку 40.689 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Турција на 6 февруари.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откриени првите мутации на корона вирусот во Македонија

Редакција

Пуштена во сообраќај првата од четирите нови електролокомотиви

Редакција

Вработен позитивен на корона вирусот ја затвори Општина Струга

Редакција