еМагазин
Image default
Бизнис

Оилко со добивка во првите шест месеци

Во периодот јануари-јуни 2022 година КДА Оилко Скопје оствари вкупни приходи во висина од 256,01 милиони денари и кај истите има 23,13% зголемување споредбено со истиот период од 2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Во структурата на вкупните остварени приходи најголемо учество, 92,06% имаат приходите од домашен транспорт на деривати кои во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 21%.

Во периодот јануари-јуни 2022 година Друштвото оствари вкупни расходи во висина од 225,91 милиони денари и кај истите има 27,3% зголемување споредбено со истиот период од 2021 година.

Во структурата на вкупните остварени расходи најголемо учество, 37,36% имаат расходите за трошоци за суровини и други материјали кои во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 76%.

Друштвото заклучно со 30.06.2022 година оствари добивка по оданочување во висина од 26,67 милиони денари и истата е намалена за 1% во однос на истиот период од 2021 година.

Ваквиот резултат се должи на зголемување на приходите од транспорт на деривати на домашниот и странскиот пазар и истовремено зголемување на оперативните расходи предизвикано од порастот на цените на енергетските ресурси“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оилко ќе дели дивиденда од 330 денари бруто по акција

Колкави биле примањата на Управниот и Надзорниот одбор на Оилко лани

Фото: Оилко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Се отвара наесен следната година: Како ќе изгледа East Gate Mall

Редакција

Надоместот за приватизација на градежното земјиште се зголемува за 30 пати

Редакција

ХОТАМ: Угостителските и хотелските работници да имаат приоритет во вакцинирањето против Ковид-19

Редакција