еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Ѓоковиќ ќе биде депортиран: Судот ја одби жалбата

Федералниот суд на Австралија со гласање на судиите (3: 0) одлучи да ја одбие жалбата на Новак Ѓоковиќ за одземање на влезната виза, што значи дека тој во најкус можен рок мора да ја напушти државата.

Со ова, судот ја потврди одлуката на Владата за поништување на визата.

Ѓоковиќ се соочува и со тригодишна забрана за влез на австралиска територија, што би значело и крај на неговите настапи на турнирот во Мелбурн, каде што досега има девет победи.

Ѓоковиќ по одлуката изјави дека многу е разочаран, и најави повеќе детали после одредено време кое му е потребно за да се одмори.

Фото: Инстаграм/Ѓоковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: „Корона попуст 25%“

Редакција

(Видео) Наместо да одговори зошто Македонија плаќа поскап гас, Бектеши ги нападна новинарите

Редакција

Заев не е оптимист дека до 22 јуни ќе има решение со Бугарија

Редакција