еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео) Наместо да одговори зошто Македонија плаќа поскап гас, Бектеши ги нападна новинарите

Дали плаќаме поскап или поевтин гас ќе видиме на крајот на грејната сеозна. Според ЕСМ, лани, кога имаше монопол, плаќавме многу поскапо, а сега има конкурентност и ги повикувам сите што имаат лиценца за снабдување да се пријават и да дадат понуда, а не да кажуваат цени и понуди кога ќе заврши повикот.

Вака министерот за економија Крешник Бектеши денеска одговори на новинарско прашање дали не беше избрзана одлуката на ЕСМ за склучување месечен договор по фиксна цена од 98 евра кога на берзата цената е многу пониска, но и со оглед дека „Макпетрол“ вчера објавил дека цената на гасот за февруари е 40 отсто пониска од онаа за јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпетрол“: Цената на природниот гас за февруари ќе биде за 40% пониска

-За мене како министер за економија, но убеден сум и за Владата, најважно е да ја поттикнеме конкурентноста, да не дозволиме во одредени сектори да има монопол како што беше претходно со природниот гас.

ЕСМ објави јавен повик за февруари, имало двајца понудувачи меѓу кои мислам дека не бил „Макпетрол“. Ако имаат подобри цени и услови, ги повикувам да учествуваат на повикот и секако, оној што има најниска цена и нуди подобри услови, законски ќе го добие повикот, потенцира Бектеши.

Тој на новинарката од Канал 5 што го постави ова прашање, најпрво и одговори дека веројатно има добра соработка со колегите.

-Добра соработка веројатно имате со колегите, ви ги даваат нивните прашања што сакаат да ги постават, но нема проблем, тука сум и секогаш отворен транспарентно да одговорам, истакна Бектеши.

На тоа реагираше новинарот од Телма кој присуствуваше на прес-конференцијата, на што Бектеши посочи дека „не е место тука да се даваат коментари, туку да се поставуваат прашања“.

-Не сте тука повикани да давате коментари, туку да поставувате прашања Ако мисите дека во прес центарот може да давате коментари, тоа може да го направите во вашите емисии, не е тука местото да се дебатира, туку да се поставуваат прашања, а наше е да одговориме и како сакаме да одговориме, рече Бектеши, кој сепак потоа јавно се извини.

Тој појасни дека не е навреда ако некој со некого има одлична соработка.

-Ако мислите дека е навреда, се извинуваме, но мислам дека не е навреда да се кажува дека луѓе или одредени институции, правни субјекти, соработуваат одлично меѓу себе. Како што ние имаме одлична соработка, на пример, со Министерството за енергетика во Турција и вие како институција може да имате соработка. Можеби за вас изгледа иронично, ако е така се извинуваме. Но, кога има одлична соработка меѓу две приватни лица или институции мислам дека не е навреда, повтори Бектеши.

МИА/Фото: Влада/видео: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Некои угостители „потфрлија“: Пазарните инспектори бркани од локалите и понижувани

Редакција

Весна Дамева се врати на чело на Судскиот совет, актуелниот претседател Сашко Георгиев поднесе оставка

Редакција

Убава вест: 454 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција