Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоена Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство.
Со донесените измени и дополнувања се прошируваат можностите за отворање и имање сметка во странство од страна на резидентите за потребите на трансакции со хартии од вредност во странство.
„Поконкретно, со предложените измени и дополнувања, покрај во странска банка, резидентите можат да имаат сметка и кај овластен учесник на странска берза или на организиран пазар на хартии од вредност како и кај платежни институции или институции за електронски пари во странство заради комерцијални цели, но и за тргување со хартии од вредност ако истовремено се и овластени учесници на странска берза или на организиран пазар на хартии од вредност,“ информираат од Народна банка.