еМагазин
Image default
Свет

И покрај можната поврзаност со згрутчување на крвта, „Џонсон и Џонсон“ ќе продолжи со дистрибуција на вакцината против Ковид-19

„Џонсон и Џонсон“ потврдија дека ќе продолжат да ја дистрибуираат својата вакцина против Ковид-19 во Европа и оти ќе ја исполни обврската за испорака на 200 милиони дози во Европа и 100 милиони во САД.

Одлуката уследи откако Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера објави дека е пронајдена можна поврзаност помеѓу вакцината на „Џонсон и Џонсон“ и ретките случаите на згрутчување на крвта, но бенефитот од вакцинирањето останува поголем од ризиците.

ЕМА препорача во упаството за употреба на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ да има предупредување дека вакцината може да предизвика згрутчување на крвта.

„Џонсон и Џонсон“ објави дека на пакувањето на вакцината против Ковид-19 ќе има предупредување за ретки несакани ефекти, како и упатство како да се препознае и да се лекуваат.

Компанијата наведе дека ќе почне со дистрибуција на вакцините во Европска унија, во Норвешка и во Исланд, како и дека повторно ќе почне со клиничко испитување на вакцината.

Во САД се очекува в петок здравствените власти да дадат препорака за повторна употреба на вакцината на „Џонсон и Џонсон“, откако вакцината беше привремено суспендирана по појавата на тромбови кај шест жени и еден смртен случај.

МИА/Фото: Photo by Ivan Diaz on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на нафтата повторно се зголемија

Редакција

(Видео) Успешен референдум во Русија: Путин може да биде претседател до 2036 година

Редакција

Шефот на СЗО: Најлошото во врска со новиот коронавирус допрва претстои

Редакција