еМагазин
Image default
Свет

Цените на нафтата повторно се зголемија

Цените на суровата нафта денеска пораснаа за над 3,0 проценти, по одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници (ОПЕК +), до јули постепено да го зголемуваат производството за нешто повеќе од два милиони барели на ден.

Цената на северноморската сурова брент „Брент“ порасна за 3,38 проценти на 64,86 долари за барел, додека американскиот „WTI“ порасна за 3,87 проценти на 61,45 долари за барел во азиското тргување до 8:40 часот по средноевропско време.

Групата ОПЕК + вчера постигна договор за олеснување на ограничувањата за пумпање, односно за зголемување на производството за 350.000 барели дневно во мај, за уште 350.000 барели во јуни и за околу 400.000 барели во јули.

Ова значи дека ограничувањето на производството на „црното злато“, кое ОПЕК + во моментов го спроведува, од мај ќе се сведе на количина малку над 6,5 милиони барели дневно, во споредба со малку помалку од седум милиони барели во април.

МИА/Фото: Photo by Zbynek Burival on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради суша, во Франција рестрикции на вода

Редакција

Путин го обвини НАТО дека учествува во војната во Украина со испораката на оружјето

Редакција

Обилната менструација да се додаде на листата несакани ефекти од вакцината мРНК против Ковид-19, препорача ЕМА

Редакција