еМагазин
Image default
Свет

Кинески град ќе ги вакцинира своите 300.000 жители за пет дена поради 16 нови случаи на зараза

Во кинеската провинција Јунан се појави ново жариште на епидемија со Ковид-19 по што властите најавија дека за пет дена ќе го вакцинираат целото население на еден град со 300.000 жители.

Државната телевизија ЦЦТВ објави снимки со луѓе кои чекаат во редови за вакцинација во градот Жулија, каде од вторникот се потврдени 16 случаи на зараза со коронавирусот.

Од вкупниот број на заразени, 12 се Кинези, а четворица се државјани на Мјанмар, со кои се граничи провинцијата Јунан. Официјален претставник на Комунистичката партија на Кина вчера изјави дека првите 159.000 дози на вакцината против Ковид-19 веќе пристигнале во градот.

Кина планира да вакцинира 40 отсто од населението до крајот на јуни. Според „Оксфорд Економикс“, амбициите на земјата ќе придонесат за 9,3 отсто економски раст оваа година.

За да се постигне таа цел, Кина мора да вакцинира 10 милиони луѓе секој ден, што е двојно повеќе од сегашниот капацитет. Доколку кинеската влада успее да го одржи овој сооднос до третиот квартал, ќе се постигне колективен имунитет, т.е. ќе бидат вакцинирани помеѓу 60 и 70 отсто од населението во земјата.

Според студијата на „Блумберг њуз“, економистите предвидуваат дека растот на БДП на Кина оваа година ќе достигне 8,5 отсто.

Во меѓувреме, експерти од Светската здравствена организација рекоа дека вакцините против новиот коронавирус на кинеските лаборатории „Синофарм“ и „Синовак“ покажаа дека се безбедни и ефикасни, но потребни се дополнителни податоци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Постигнат е договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Редакција

СЗО: Индиската варијанта на Ковид-19 е откриена во 44 земји

Редакција

Инфлацијата во Русија 14,5%: Драматичен раст на цените на шеќерот, кромидот, пелените…

Редакција