еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

„Џонсон и Џонсон“ почна со испорака на вакцини во ЕУ, стигнуваат 55 милиони дози до јуни

„Џонсон и Џонсон“ денеска започнаа да ја доставуваат својата вакцина против Ковид-19 до Европската унија, која се дава во единечна доза, соопшти Питер Лизе, европратеник од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ првично планираше да започне со испорака на вакцината на почетокот на април, но ова беше одложено поради потешкотии во производството.

„Џонсон и Џонсон“ денеска започнаа да испраќаат пратки со вакцини во ЕУ, соопшти Лизе.

Американската компанија вети дека на ЕУ ќе ѝ испорача 55 милиони до крајот на јуни и уште 120 милиони дози во третиот квартал, изјави претходно овој месец комесарот за индустрија на Европската комисија, Тиери Бретон.

– До неодамна беше нејасно дали ќе го исполни тоа ветување. Но, 50 милиони дози се сигурни за вториот квартал, рече Лизе, додавајќи дека информациите ги добил од самата компанија и од Европската комисија, која ги координира преговорите со фармацевтските компании.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фон дер Лајен од Скопје: Постигнавте извонреден напредок, сега ЕУ треба да испорача

Редакција

Дури 47% од Австријците против влез на Македонија во ЕУ

Редакција

Новите правила за влез во ЕУ кои важат и за македонските граѓани, со барање одобрение и плаќање такса повторно одложени

Редакција