еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Заев: За викенд не работам, полнев батерии со мотор и направив убава турнеја низ Македонија

Во врска со фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи на кои премиерот Зоран Заев се вози на мотор за време на изминатиот викенд, тој денеска изјави дека направил една убава турнеја од источниот дел на Македонија и се вратил во Скопје и тоа за време на викенд.

Заев потенцира дека не се криел, бидејќи има хоби, а тоа е возење на мотор за кое го кажал и претходно.

„Ниту се криев, ниту некој треба да се крие кога прави нешто за себе. Само да потсетам дека уште кога ме избраа за премиер реков дека за викенд не работам, а во недела сум со семејството и времето го користам за себе.

Недела е ден за себе и јас лично моите батерии ги полнам возејќи мотор. Целосно ги почитувавме сите мерки затоа што немаше забрана и не се движевме никаде за време на полициски час иако имам дозвола за нешто такво,“ изјави Заев.

Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Молдавскиот стана романски јазик

Редакција

(Фото) Куманово маршираше против „францускиот предлог“ на чело со градоначалникот Димитриевски

Редакција

Од денеска лични карти со „Северна“, старите ќе важат до февруари 2024

Редакција