еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Бајден и кажал на Фон дер Лајен проширувањето на ЕУ да продолжи и да ја вклучи и Македонија

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден вчера зборувал телефонски со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и нагласил дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан и да ја вклучи Северна Македонија, објави денеска на својот официјален Твитер налог американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

– Бајден и нагласил на Фон дер Лајен дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, подвлекувајќи го нејзиното значење за регионалната стабилност, развој и просперитет, стои на твитер налогот на амбасадорката Брнз.

Во соопштението од Белата куќа за разговорот се наведува дека претседателот Бајден, вчера во разговорот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен ја потврдил неговата поддршка за Европската унија, како клучен партнер за Соединетите Држави, и неговата посветеност да продолжи со спроведувањето на резултатите од јунскиот самит САД-ЕУ.

Меѓу другото се наведува дека „лидерите разговараа и за Западен Балкан и претседателот Бајден пренесе силна поддршка за продолжување на процесот на пристапување со земјите од овој регион“.

МИА/Фото: Фејсбук/Бајден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина 21-годишник од Ковид-19: Вкупно 6 смртни случаи во тетовската болница

Редакција

Од Бугарија нема сигнал дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде нивно последно барање, вели Пендаровски

Редакција

Дезинформација е дека поранешниот претседател на Казахстан, Назарбаев избегал со авион во Бишкек, кој слетал од Македонија

Редакција