еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Опасен отпад фрлен во Карпош

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје констатираше непрописно одлагање отпад од автомобилски гуми од страна на непознати сторители на улицата Никола Парапунов во скопската општина Карпош.

„Автомобилските гуми спаѓаат во категоријата опасен отпад и нивното одлагање на јавни површини претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП Комунална хигиена-Скопје нема надлежност за собирање и транспорт на овој тип на отпад.

Апелираме до жителите на градот Скопје внимателно да ракуваат со опасниот отпад и да го одлагаат исклучиво кај колективните постапувачи, со што значително ќе придонесат за заштита на животната околина и јавното здравје,“ истакна директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Воедно, ЈП Комунална хигиена-Скопје учествуваше во координирана акција со градските јавни претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ за чистење на реонот на Милениумскиот крст на планината Водно.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа метење и празнење на корпите за ситни отпадоци, како и подигнување на отпадот од Планинарскиот дом и околните угостителски објекти.

Во рамките на акцијата беа собрани и транспортирани приближно три кубни метри мешан комунален отпад.

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието го донесе законот со кој се забранува увоз на отпад кој може да се користи како гориво

Редакција

За транзиција кон „Зелениот договор“ потребен е технички и финансиски план

Редакција

(ВИДЕО) Езерото Калиманци пред еколошка катастрофа

Редакција