еМагазин
Image default
Локално

Опожарени куќа, три патнички возила и мотоцикл во скопски Крушопек

Три патнички возила и мотоцикл се опожарени ноќеска во селото Крушопек во општина Сарај.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се опожарени патничко возило „опел“, сопственост на О.С.(25), патничко возило „даеву тико“, сопственост на Р.С.(54) од село Крушопек, патничко возило „мерцедес“, сопственост на М.С.(35) од село Крушопек и мотоцикл без регистарски ознаки.

Од пожарот бил зафатен и ѕидот на влезната врата од куќата на Б.С.(37), пред која биле паркирани возилата. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворен угостителски објект во Кичево поради непочитување на работното време

Редакција

И вечерва кино на отворено во Градскиот парк, ќе се прикажува „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски

Редакција

Групи средношколци во скопски Аеродром се договориле да се тепаат пред трговскиот центар Бисер

Редакција