еМагазин
Image default
Македонија

Општина Охрид престана да работи со странки поради зголемениот број инфицирани со Ковид-19

Поради актуелната состојба со коронавирусот и зголемениот број заболени на подрачјето на Општина Охрид, по налог на градоначалникот Константин Георгиески, од денеска општинската зграда ќе биде затворена за посети на странки.

Сите надлежни служби ќе работат непречено, а граѓаните кои имаат било каква потреба од општински услуги ќе може да се обратат на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината, што се достапни на општинската веб-страница.

За граѓаните ќе биде достапен шалтер на општинската архива каде ќе можат писмено да се обратат.

Образложението е дека мерката се воведува со цел да се обезбеди поголема заштита на граѓаните и на вработените во администрацијата од ширењето на коронавирусот и обезбедување на услови за побезбедно функционирање на општинските служби. Мерката ќе важи до стабилизирање на состојбата со вирусот.

Општина Охрид упатува апел до граѓаните за максимално почитување на сите актуелни препораки за заштита и превенција од вирусот, кои се донесени од страна на Министерството за здравство и Владата.

Охрид е меѓу градовите посочени како жаришта на вирусот, со висок број новозаболени на дневна основа. Модуларната болница е целосно исполнета со ковид позитивни пациенти, а полно е и Одделението за геријатрија со сомнителни пациенти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 2.559

Редакција

Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите во Македонија

Редакција

Во Дебар два нови случаи на Ковид-19

Редакција