еМагазин
Image default
Локално

Општина Пехчево: Апелираме труењето на кучињата да запре веднаш

Откако здружението за Заштита на животните „Анима Мунди“ ја информираше јавноста за грозоморните сцени од помор на кучиња, од Општина Пехчево апелираат до несовесните граѓани да запре труењето на кучињата и мачките скитници, најмногу поради фактот што поставувањето отровни мамки претставува голема опасност за децата, граѓаните и домашните миленици.

„Деновиве сме сведоци на расфрлани отрови на одреден реон со што е извршено свирепо труење на животни, а индиректно загрозени се и многу дечиња. Апелираме, ова да запре веднаш. Општина Пехчево, досега ги има превземено сите законски мерки кои и стојат на располагање за решавање на проблемот со кучињата бездомници. Спроведена е јавна набавка за ангажирање на шинтерска служба, со цел обезбедување на хуман третман на животните и безбедно секојдневие на граѓаните“, се вели во соопштението од општината.

Од општината дополнуваат дека согласно Законот за заштита и благосостојба на животните е склучен договор за собирање, згрижување и стручен третман на кучиња скитници со АД Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово која заловените кучиња од Пехчево ги транспортира во прифатилиште во Куманово и таму ги спроведува сите постапки предвидени со законот.

„Во име на поефективно решавање на проблемот, ги повикуваме останатите институции кои се надлежни при законските прекршувања, да ги преземат сите расположливи законски средства и во најбрз рок да го откријат сторителот на расфрлањето на отровот и со истите да се постапи согласно позитивните законски прописи на државата“, дополнуваат од Општина Пехчево.

Комуналната инспекција на општина Пехчево информираше дека постојано е на терен и патролира по зелените површини, како и на локациите каде е забележана ваква појава, додека од полициската станица известија дека во тек е потрага по извршителите на грозоморниот чин.

Отровот со кој деновиве се трујат животни во Пехчево е опасен и по животот и здравјето на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

(Вознемирувачко видео) Помор на кучиња во Пехчево, комуналните служби со багери ги собираат и фрлаат, закопуваат додека се уште живи!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за претседател на здружение на пензионери: Си трошел пари по ќеф

Редакција

Жител на Струшко пронајден мртов до превртен автомобил

Редакција

Обид за убиство: Зет го застрелал таткото на невестата

Редакција