еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Општина Штип ќе ја издаде првата општинска обврзница на домашниот пазар на капитал

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска донесе Решение со кое на Општина Штип и даде одобрение за издавање долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда. Ова е прва емисија на општински обврзници на домашниот пазар на капитал, со која се збогатува понудата на финансиски инструменти кај нас. Емисијата се врши заради прибирање средства за финансирање на повеќе инфраструктурни и капитални проекти на општината.

-Општина Штип ќе издаде 8.000 општински обврзници со поединечна номинална вредност од 500 евра и вкупна номинална вредност од 4.000.000 евра. Рокот на доспевање на издадените обврзници е седум години од денот на регистрирање на обврзниците  во Централниот депозитар.

Општинските обврзници се со фиксна годишна каматна стапка во износ од 4,75 проценти.

Главницата ќе се исплати во целосен износ заедно со последната камата, односно по истекот на седум години од датумот на регистрирањето на обврзниците, информира КХВ.

При запишувањето и распределбата на обврзниците, појансува Комисијата, издавачот се определи да го применува моделот на фиксна цена со давање приоритет на налози со помала количина и порано време на внес на налог.

Купувачи можат да бидат домашни и странски физички и правни лица, а сите информации поврзани со издавачот и со општинските обврзници ќе бидат содржани во Проспектот, што јавно ќе биде објавен од страна на Општина Штип.

Понудата се смета за успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60 проценти од понудените обврзници, укажува КХВ, која ја одобри оваа емисија, откако Општина Штип доби согласност од  Министерството за финансии за нејзино задолжување и ги исполни законски утврдените услови за издавање на општински обврзници.

Постапката на запишување и уплата на понудените општински обврзници ќе започне откако ќе стапи во сила Одлуката на Владата, со која се одобрува максималниот износ на новото задолжување на издавачот.

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

15 починати лица од Ковид-19, најмладиот на 41-годишна возраст

Редакција

Нов сој на Ковид-19, најзаразен досега, молскавично се шири низ светот

Редакција

Од 1 јануари УЈП електронски ќе селектира кои даночни обврзници ќе ги контролира

Редакција