еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Армијата Стево Пендаровски денеска по повод 30-годишнината на Армијата ги одликуваше со Орден за воени заслуги првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, Логистичката база при Армијата и Организацијата на резервни офицери.

Гоцевски е одликуван со Орден за воени заслуги за неговиот придонес во формирањето на Армијата како легитимна и регуларна вооружена сила на Македонија.

Логистичката база при Армијата е одликувана за нејзиниот особен, стратешки и долготраен придонес во планирањето, координирањето, организирањето и извршувањето на логистичката поддршка на командите и единиците на Армијата со што овозможува успешно извршување на сите задачи во мир, војна и кризна состојба.

Логистичката база, како што беше посочено на централната свеченост, својата подготвеност ја покажа и со низата активности во текот на справувањето со мигрантската криза и пандемијата на Ковид-19.

Со Орден за воени заслуги е одликувана и Организацијата на резервни офицери за нејзиниот особен придонес во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на државата и афирмирањето на воената професија.

Исто така, претседателот Пендаровски со указ го унапреди полковник Сашко Лафчиски во чин бригаден генерал и го постави полковник Васко Коколански за командант на Командата за обука и доктрини во Генералштабот на Армијата.

Фото: Генералштаб на АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во пожар во Штип изгореа два стана, полесно се повредени и две лица

Редакција

Младината на социјалдемократите избира нов претседател

Редакција

Симон Трпчески со бесплатен концерт „Македонисимо“ на платото пред МОБ

Редакција