еМагазин
Image default
Бизнис

„Орка Холдинг“ ја предлага Кристина Камчева Стојческа за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

„Орка Холдинг“ и Александра Радевска, кои заедно поседуваат 6,09 отсто од акциите во Стопанска банка Битола ја предлагаат Кристина Камчева Стојческа за член на Надзорниот одбор на банката.

Тие преку Македонската берза го соопштија предлогот за престојното Собрание на акционери на банката и образложија дека знаењето и искуството на номинираната кандидатка ќе допринесе за успешна работа на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола.

Кристина Камчева Стојческа е менаџерка со повеќегодишно искуство во повеќе компании и е сестра на македонскиот бизнисмен Јордан Камчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола оствари добивка од шест милиони денари во првото тримесечје од 2021 година

Македонската берза барала одговори од Стопанска банка Битола за порастот на цената на акцијата

Фото: Орка Холдинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Евроинс осигурување“ го доби тендерот на МВР за осигурување возила

Редакција

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цената на бензините останува иста

Редакција

Германија, Велика Британија и Грција се наши најголеми трговски партнери

Редакција