еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи: Документите што ги објавуваат некои медиуми не се финалниот француски предлог

Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог кој француското претседателство го сподели денеска со Владата преку Министерството за надворешни работи, објави попладнево на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Имаме целосно разбирање од јавноста за потребата да бидат запознаени со содржината на предлогот, но во исто време ќе замолиме за кратко трпение со цел да поминат консултациите низ институциите и предлогот соодветно да биде презентиран.

Како што беше ветено, почнуваме процес на широки консултации и автентичниот предлог интегрално ќе биде ставен на увид на јавноста, додава Османи во објавата.

Владата денеска соопшти дека од француското претседателство со ЕУ преку Министерството за надворешни работи и бил доставен предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови.

Според премиерот Димитар Ковачевски во овој предлог се земени предвид нашите позиции и барања, додека според претседателот Стево Пендаровски, тој е далеку подобар за нас од претходниот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чист македонски јазик, историските прашања и протоколот не се дел од преговарачата рамка: Неофицијално што има во “францускиот предлог“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Вардарградба“ го доби тендерот на Општина Центар за реконструкција на улица „Орце Николов“ вреден 1,2 милиони евра

Редакција

Се зголемува интересот за вакцинација, до сега вакцинирани 55.926 граѓани

Редакција

Македонската ракометна репрезентација ќе игра на Светското првенство во Египет

Редакција