еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Рама: Браќа Македонци и Албанци прифатете го францускиот предлог

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку Твитер реагираше во врска со предлогот на француското претседателство за решавањето на спорот со Бугарија.

Рама пишува дека и се дава можност на Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија.

-Последниот француски предлог, кој е и конечен, и дава можност на С.Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во С.Македонија: Прифатете!, напиша Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чист македонски јазик, историските прашања и протоколот не се дел од преговарачата рамка: Неофицијално што има во “францускиот предлог“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каракачанов објави листа на Македонци со бугарски пасош

Редакција

Твитер доби конкуренција, Цукерберг го лансираше „Тредс“

Редакција

Вице Заев за „бомбата“: Тоа се очајни лаги, Заеви се чесни Македонци

Редакција