Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во одбрана на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој вчера не нарече „Северномакедонци“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ние комунициравме со Амбасадата на Франција колку да ја испочитуваме формата, но и вчера реагиравме во комуникација со француската делегација, премиерот имаше комуникација со Макрон, во Брисел.
Немам дилеми дека е тоа ненамерна погрешна формулација на францускиот претседател.
Макрон апсолутно нема дилема по однос на името и идентитетот и по однос на прашањата кои се дефинирани овде и во Обединетите нации“, изјави Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија и пак не нарече „Северномакедонци“
“Францускиот предлог“ не е конечен, од три прашања зависи дали Македонија ќе каже „да„ или „не„
Фото: Влада