еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија и пак не нарече „Северномакедонци“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го поздрави гласањето во бугарскиот Парламент за францускиот предлог и рече дека процесот продолжува, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Сакам да го поздравам гласањето во бугарскиот Парламент кој отвора пат за укинување на ветото и отворање на преговорите за пристапување на Македонија и со тоа напредок на албанското досие, рече Макрон попладнево на прес-конференцијата во Брисел.

Тој додаде дека по ова гласање во следните денови ќе продолжат размените на мислења со партнерите во Бугарија и Македонија.

– Машината е подготвена за да се одобри тоа што ќе биде одлучено, ова е многу добар сигнал, сакам да му честитам на бугарскиот премиер и опозициските сили кои се здружија околу ова гласање, но и да им се заблагодарам на „Северномакедонците“ за нивниот напредок, рече францускиот претседател, кој додаде дека „има уште работа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи го брани Макрон кој не нарече „Северномакедонци“, направил ненамерна грешка

Макрон: Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања, со „Северномакедонците“ ќе разговараме следните часови

МИА/Фото: Макрон/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ за 1,7 милион евра купува нови возила

Редакција

Звучни имиња и познати фирми на новата листа на должници на УЈП

Редакција

(ВИДЕО) Изјавата на Заев за македонскиот јазик која ја „покачи“ температурата во Грција

Редакција