еМагазин
Image default
Македонија

Османи на НАТО министерски самит во Букурешт, во фокус актуелните безбедносни ризици

Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествува на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, што се одржува во Букурешт, Романија.

Како што информираат од МНР, во фокусот на разговорите биле актуелните безбедносни предизвици, поддршката за Украина, како и последиците од руската воена агресија, меѓу кои енергетската криза и недостигот на храна, кои предизвикуваат нестабилност во осетливите региони, вклучувајќи го и регионот на Западен Балкан.

Министерот Османи во своето обраќање го истакнал стратешкото значење на регионите на Западен Балкан и Црното море за НАТО Алијансата, нагласувајќи ја потребата од зголемување на поврзаноста и зајакнување на партнерството во справувањето со заедничките закани.

„Безбедноста во Европа е нарушена, руската агресија врз Украина ги урна принципите кои одржуваа мир и стабилност, но НАТО навремено, цврсто и одлучно се адаптираше на новите безбедносни и политички предизвици.

Немам дилема дека денес го реафирмираме ова единство, зајакнато трансатлантско сојузништво, но и одлучноста, подготвеноста и засиленото присуство овде, во регионот на Црното море, и по целото источно крило на алијансата, рекол Османи.

Во рамки на состанокот, на кој учествувале и министрите за надворешни работи на Шведска, Финска, сојузниците ја реафирмирале поддршката за Украина и украинскиот народ, а воедно ги дефинирале и следните чекори за зајакната практична поддршка.

Воедно, станало збор и за политиката на Отворени врати на НАТО, при што Османи изразил надеж за што поскоро членство на Шведска и Финска во Алијансата, со што двете држави ќе ја зајакнат сопствената стабилност, и но и значително ќе ја зацврстат улогата на одвраќање на Алијансата.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да се брза со отворање на градинките

Редакција

Поранешниот министер Никола Тодоров ќе гласа на престојниот референдумот

Редакција

(Видео) Командир на полициска станица пука со калашњиков на тераса, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција