еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наши дипломати во Киев се во скривница, МНР се обидува да ги евакуира

Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека постојано е во контакт со нашата амбасада во Киев, како и со наши граѓани кои се обидуваат да заминат од Украина.

– Ние сме во комуникација со нашата амбасада. За жал, ситуацијата не е добра, особено во Киев. Амбасадорот и дипломатот, и двајца други граѓани, кои се во Амбасадата, поголемиот дел од денот го поминуваат во скривница отколку во Амбасадата. Не можат да отидат до нивните резиденции. Тие преспале во Амбасадата.

Се обидуваме да ги евакуираме. Имав контакти со мои колеги од регионот. Во Киев има околу 20-тина амбасадори од членки на ЕУ, кои исто така не можат да излезат. Киев е опколен, цела ноќ имало воздушни напади.

Правиме аранжмани, која било земја која ќе обезбеди прва транспорт, да ги извадиме и нашите дипломати до Полска. Меѓутоа, тие се во комуникација со нашите граѓани во Украина. Иако вчера поголемиот дел го минале во скривница, даваат патни листови. Но, и тие кои добија патни листови, не можат да излезат, информира Османи.

Тој посочи дека со семејство со едногодишно дете, кое е во источниот дел од Украина, контактирал и директно. Османи рече дека има и неколку наши граѓани во Одеса.

– Разговарав со министерката за надворешни работи на Бугарија, бидејќи тие имаат конзулат во Одеса, да може со нивните автобуси, со кои ќе ги преземаат нивните граѓани, да ги земат и нашите.

Го поврзав доцна синоќа нашиот амбасадор со бугарскиот генерален конзул во Одеса за да ги информираат нашите граѓани каде да чекаат.

Во последната комуникација која ја имав со нашиот амбасадор, тој ми кажа дека не можат да го напуштат Киев, кој е опколен, рече Османи, кој изрази надеж дека во текот на денот ќе можат нашите дипломати да стигнат до Полска.

Министерот Османи рече дека никој не може да предвиди како ќе се одвива ситуацијата. Но, дека членки на ЕУ прават планови за бранови на бегалци. Според него, во моментов не би требало кај нас да има бран на бегалци оти сме малку подалеку од Украина.

– Доколку оваа состојба ескалира повеќе, може и тоа да се случи, вели Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русите влегоа во Киев, се води војна на улиците во градот

(ВИДЕО) Тие што се против ги апсат: И Русите се против војна со Украина, властите не ги спречија да протестираат

Може ли руско-украинската војна да се прелее и на Балканот?

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар два нови случаи на Ковид-19

Редакција

Каков имот пријавил Јусуф Зејнели, кој е избран за ректор на Универзитетот во Тетово

Редакција

Мајка од Гостивар малолетните деца ги врзувала со самолеплива лента и ги оставала така со часови

Редакција