еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи потврди дека Бесмира Ејупи е вработена во МНР: Случајно е превземена од Министерство за политички систем, нема ништо спорно

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција соопшти дека се потребни уште минимум 50 нови вработувања за да се надополнат потребите во ресорното министерство.

Османи информира дека само оваа година се пензионираат 18 лица во МНР и додаде оти мора да се вработуваат нови лица.

На новинарско прашање за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР, Османи посочи дека во текот на оваа година од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се превземени вкупно 13 соработници, вклучувајќи ја Ејупи. Дел од нив, како што рече, се во рамки на таа систематизација од К-5 Програмата, дел преку директна спогодба.

-Делумно е точна информацијата, преземена е од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на позиција соработник во протокол, што е почетна позиција во МНР. Во моментов имаме огласи за 16 нови соработници, кој е во тек, рече Османи и додаде дека сите оние кои сакаат да работат во дипломатијата на почетни позиции имаат можност да аплицираат.

Османи нагласи дека е неточна информацијата оти Ејупи е советник зошто се потребни од 10 до 15 години во ресорното министерство, со многу положени испити и работно искуство за да преминете од помлад соработник во советник. Османи не гледа ништо спорно во овој процес.

На новинарско прашање дали ќе реферира за Ејупи пред собраниската Комисија за надворешни работи и оти тоа го побарал претседателот на оваа комисија Антонио Милошоски, Османи рече дека нема ништо спорно во ова вработување и оти тоа е направено во целосна законска процедура, како што се преземени и сите други, вкупно 16 преземања оваа година во МНР.

Истакна дека МНР е отворено за сите државјани на земјава и тие може да аплицираат за работа, на некои позиции со средно, а на други со високо образование.

Османи посочи дека Ејупи не е ниту конзул, ниту кандидат за конзул, туку помлад соработник или на почетничка позиција во МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицепремиерката Грковска повика Османи да каже дали Бесмира Ејупи е вработена во МНР

Бесмира Ејупи добивала хонорар и од Железници

Каков имот пријавила несудената конзулка Бесмира Ејупи

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Семејството Груби трупа милионски бизниси и имот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Народна банка ја зголеми основната каматна стапка на 3%

Редакција

80,1% од починатите од Ковид-19 во Македонија со претходни заболувања

Редакција