еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи: Во редовна комуникација сме со Софија, но постојат и иницијативи од меѓународните партнери

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во објава на Фејсбук посочи дека е во редовна комуникација со министерската за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска во насока на надминување на разликите за време на француското претседателство со ЕУ, додавајќи дека постојат бројни иницијативи од меѓународните партнери со свои идеи да се вклучат во овие разговори, меѓу кои и Франција како актуелен претседавач со Советот на Европската Унија.

– Со оглед дека во моментов сум на работни обврски во САД, каде во тек е Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, чувствувам обврска да одговорам на одредени прашања кои пристигнуваат во моментов до Министерството за надворешни работи, а се поврзани со разговорите кои ги водиме со Република Бугарија, наведува Османи во објавата.

Тој додава дека е во редовна комуникација со неговата бугарска колешка Генчовска, со цел, како што вели, „да обезбедиме засилување на разговорите во престојниот период, на сите нивоа меѓу двете министерства, во насока на надминување на разликите за време на француското претседателство“.

– Постојат бројни иницијативи од нашите меѓународни партнери, со свои идеи да се вклучат во овие разговори, меѓу кои е секако и Франција како актуелен претседавач со Советот на Европската Унија.

Сите инволвирани страни во процесот даваат максимални напори да се обезбеди предлог на маса кој ќе го крене ветото за нашите европски интеграции, кое воедно би било во согласност со позициите на кои Владата се обврза преку декларацијата во Собранието, додава Османи во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прашањето за Македонија не може да се реши до крајот на француското претседавање со ЕУ, порача бугарската министерка Генчовска

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работната група за помирување ќе се состане во Собранието

Редакција

Два месеци се знаело за бегството преку тунел кое го подготвувале затворениците во Идризово

Редакција

ТЕЦ „Неготино” поради ремонт нема да произведува струја 70 дена

Редакција