еМагазин
Image default
Македонија

Османи во Софија на разговори со Захариева за Акцискиот план

Министерот за надворешни работи Бујар Османи веќе е на пат кон Софија, каде што ќе има посебна средба со неговата бугарска колешка Екатарина Захариева, потврди денеска на прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

-Очекувано централна точка на преговорите е да биде Акцискиот план, штом се врати од оваа посета ќе имаме повеќе информации во МНР и во Владата во однос на тоа што е постигнато.

Инаку, знаете дека од претходно, усогласеноста на двата документа коишто ги доставија двете страни е во финална фаза, така што се очекува попрецизно по оваа средба околу идните чекори, рече Арсовски.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Талат Џафери сведочеше за „27 април”

Редакција

Ќе има ли оставки: Заев на состанок со одговорните лица на институциите надлежни за бегството на Мијалков

Редакција

Регистрирани 13 прекршувања на полицискиот час и 365 казни за неносење маска

Редакција