еМагазин
Image default
Македонија

Осомничениот за убиството на хрватскиот ракометар се криел во објект во Скопје, откри Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека Анџело Ѓорѓиевски, еден од првоосомничените за убиството на ракометарот Денис Тот од Хрватска, по сите оперативни информации и стеснет простор е пронајден и приведен во станицата во Аеродром.

Лицето се криело во Скопје, во еден објект, а истрагите, нагласи, мора да се водат низ институциите.

– Знаевме дека не ја напуштил Македонија и се работеше интензивно на тоа, рече Спасовски вечерва во 24 анализа на телевизија 24.

Спасовски нагласи дека се покажало деновиве и во сите процесни дејствија преземени дека нема ниту во еден момент, ниту помисла, ниту причина, ниту мотив, да се скрие убиство.

– Политиканства од типот барање врска помеѓу нешто што се случувало за времето на режимот и ова што се случува сега, апсолутно не може да се воспостави и тоа е аргументирано со повеќе факти.

Не би сакал вечерва или било кога да навлегувам во какво било политиканство и да правиме какви било паралели. Ефикасноста на сите институции и на полицијата, и на Јавното обвинителство, мерки преземање врз основа на сите процедури што се во вакви ситуации придонесоа да се затвори целиот случај, рече Спасовски.

Обвинителот Гаврил Бубевски изјави дека во рок од 24 часа се обезбедени скоро сите докази за овој настан, а во рок од седум дена постапката веќе има осомничени лица, кои се во притвор, против нив постапката сега засега се води за кривично дело убиство.

Во текот на постапката ако се приберат други докази кои ќе укажуваат на други докази како настапила смрта и дали има некаква индикација дали лицето било свесно додека било удирано во главата, тоа може да предизвика потешка правна квалификација, јавноста ќе биде известена.

– Во овој момент додека не ја добиеме наодот од Институтот за судска медицина, ова е правната квалификација, предметот се процесуира, се собираат докази, се прибираат изјави на сведоци.

Во текот на наредната недела ќе бидат испитани и осомничените и за многу брзо време овој предмет ќе добие и судска постапка, изјави обвинителот Бубевски во 24 анализа.

Според него, изјавата од Клиничкиот центар дека при првичниот преглед не се утврдени траги од насилство на телото на сега починатиот ракометар, е лоша проценка.

– Проценка е дека во тој момент не ги виделе повредите што биле на главата. Тие си постапувале медицински за да го излекуваат лицето колку можат. Тоа е нивната проценка, но се покажа дека е лоша проценка, не е друг во прашање, изјави меѓу другото обвинителот Бубевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анџело Ѓорѓиевски спроведен во затворот во Шутка: Детали од МВР

Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар и се предал на полицијата

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апликацијата за следење на лицата кои имале контакти со заразени ќе се активира следната недела

Редакција

Најмладиот на 35-годишна возраст: Од Ковид-19 починаа седум лица

Редакција

(Фото) Левица: Избрусени зборовите „бугарски фашистички окупатор“ од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш

Редакција