еМагазин
Image default
Македонија

Директорката на КАРИЛ, Мојсовска тврди дека ракометарот Тот немал видливи траги на насилство

Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсовска потврди дека хрватскиот ракометар Денис Тот бил донесен на Клиниката без видливи траги на насилство. Трагите, како што рече, не биле видливи поради немање циркулација, не се забележани модринки, скршеници или повреди на ребра.

Мојсовска во 24 Анализа на ТВ 24 појасни дека е констатирано оти пациентот бил без срцева реакција, без притисок и без сатурација. Тот, напомена, бил донесен практично мртов.

Спасувањето траело околу 15 минути и било неуспешно, се до последен момент кога е добиена срцева реакција.

– Во координација со дежурниот анестезиолог е решено да се направи компјутерска томографија. Брзата помош го најавува пациентот во Ургентниот центар како пациент кој е животозагрозувачки со некоја пулсна фреквенција на срцето која е спорна зошто срцето работи автоматски и во извештајот се вели без видливи повреди на телото, објасни Мојсовска.

Директорката на КАРИЛ заклучи дека пос дека последниот збор во врска со смртта на хрватскиот ракометар ќе го има извештајот од Институтот за судска медицина и криминалистика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клиника за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ со детали за лекувањето на ракометарот Денис Тот: Беше примен без срцева акција и знаци за живот, и без видливи повреди

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчки медиуми: „И се случи Северна Македонија“

Редакција

Села не се изјаснува за уставните измени, денеска ќе се сретне со Заев

Редакција

ДИК: До 15 часот гласале 396.252 граѓани или 28,89 отсто

Редакција