еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Остатоци од човечки скелет најдени на брегот на Мавровско езеро 

Делови од човечки скелет се најдени на брегот на Мавровско езеро во населбата Маврови анови во близина на некогашниот угостителски објект „Бел коњ”.

По извршениот увид ќе се врши вештачење за да се утврдат поединости поврзани со случајот.

Според СВР Тетово, вчера на 02.04.2023 во Полициското одделение Маврово било пријавено дека кај место викано „Бела вода” во Мавровско езеро биле пронајдени остатоци од човечки скелет.

Остатоците, биле подигнати за вештачење. Увид бил извршен во координација со јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Новиот BMW Серија 2 Active Tourer пристигна во Македонија, подготвен за патувањето наречено живот

Редакција

Како граѓаните да закажат тестирање за корона вирусот кај матичен лекар

Редакција

(Фото) Србија повторно прва напомош: Во Македонија пристигнаа 4 хеликоптери за гаснење на пожарите

Редакција