еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Оставка поднесе и Ангеле Сотировски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, кадар на Социјалистичката партија

Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата, бидејќи, како што соопштуваат од Социјалистичката партија на Македонија, не е задоволен од соработката со градоначалничката Данела Арсовска.

Сотировски е кадар на Социјалистичката партија, која е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека во изминатиот период, Сотировски со неговата стручност, морален интегритет и посветеност во исполнувањето на предвидените програмски активности овозможија стабилизирање и развој на ова јавно претпријатие.

– Меѓутоа, за сметка на декларативната независност, неприфатлив е нејзиниот неразумен и одмазнички однос кон кадрите предложени од политичките партии кои застанаа зад нејзината кандидатура и промоција и кои несебично учествуваа во изборната кампања.

Со тоа сметаме дека таа, со потценувачкиот однос, не само што ги предаде политичките партии од Коалицијата „Обнова на Македонија“ и пошироко кои искрено и цврсто застанаа зад неа, туку ја изневери довербата и очекувањата на граѓаните на Скопје кои го дадоа својот глас за неа и за Програмата „Модерно Скопје“, посочуваат од партијата во објава на нивната Фејсбук-страница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Филип Василевски, директорот на ЈСП Турс, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Борис Настов, директорот на ЈП Улици и патишта, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Воислав Димитровски, директор на ЈП Лајка, кој поднесе оставка

Фото: Сотировски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓани бараат смртна казна за убијците на Вања

Редакција

(ВИДЕО) Како правилно да ги употребувате и симнете маските и ракавиците

Редакција

Неколку потврдени случаи во кои лица во Македонија воопшто немаат антитела, три месеци по примањето на вакцината „Синофарм“

Редакција