еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Распродадени билетите во еден правец: Русите бегаат во Турција по повикот на Путин за мобилизација

Билетите за летови во еден правец од Русија до Турција се распродадени за денеска и во текот на викендот, неколку часа пред да започне делумната мобилизација на руските вооружени сили, покажуваат податоците на два турски авиопревозници.

Како што пренесе ДПА, летовите од московскиот меѓународен аеродром Внуково до турските Истанбул, Анкара и Анталија беа распродадени во следните три до четири дена на веб-страницата на националниот авиопревозник Туркиш ерлајнс. Превозникот ќе го зголеми капацитетот на патници надвор од Русија за четврток и петок, изјави портпаролот за ДПА.

Се разгледува и воведување дополнителни летови доколку побарувачката продолжи со ова темпо, додал претставникот на Туркиш ерлајнс.

Исто така, до сабота се распродадени и билетите на приватната авиокомпанија Пегасус од Москва до Истанбул.

Турција е една од ретките дестинации до која Русите можат да летаат во странство поради западните санкции, заедно со Ерменија и ОАЕ.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој нареди делумна мобилизација.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти.

Во Русија има вкупно 25 милиони резервисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По повикот на Путин за мобилизација: Билетите од Москва до Белград во еден правец се продаваат и по цена од 5.600 долари

Путин прогласи делумна мобилизација, војната во Украина допрва ќе се разгорува

300.000 руски резервисти ќе бидат мобилизирани да се борат во Украина

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Љупчо Николовски, новиот генерален секретар на СДСМ 

Редакција

Народна банка ја зголеми основната каматна стапка на 2,50%

Редакција

(Видео) Голема акција на МВР: Запленети четири и пол килограми хероин и килограм кокаин во Сингилиќ

Редакција