Центарот за јавно здравје Куманово во последните 24 часа евидентира осум новозаболени лица од Ковид 19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.
– Заболените се од Куманово, од веќе познати кластери, изјави доктор Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.
Ивршени се вкупно 37 тестирања од кои 16 по „МојТермин“, а 21 согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на епидемијата, според податоците на Министерството за здравство, на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, Ковид дијагностицирани се 818 лице, од кои во моментов активни се 179 случаи.
МИА/Фото: Општина Куманово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед на активни случаи на корона вирусот по скопските општини
Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 362
Нови 168 заразени со корона вирусот од 1.470 тестирања, најголем број во Скопје 83