еМагазин
Image default
Македонија

Само 8 ученици во струшките училишта биле заразени од Ковид-19 од почетокот на учебната година

Само осум ученици и 23 наставници од струшките основни училишта биле заразени со Ковид-19 од почетокот на учебната година, потврдија од Општина Струга.

Во 11-те основни училишта, како што стои во информацијата, се преземаат сите заштитни мерки согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

– Локалната самоуправа со поддршка на Црвениот крст и локални компании постојано доставува маски и средства за дезинфекција во училиштата, поделени се апарати за дезинфекција, како и едукативни постери со цел да се инфирмираат најмалите како да се заштитат од Ковид-19, информира општинската прес-служба.

Покрај учениците од прво до трето одделение, кои следат настава со физичко присуство, на територијата на Општина Струга во училишните клупи учат и од повисоките одделенија, односно од четврто до деветто.

Настава со физичко присуство следат учениците во подрачните училишта на ОУ „Ашим Агуши“ во Теферич и Заграчани, во ПОУ „Браќа Миладиновци“ во селото Калишта, во ПОУ „Јосип Броз Тито“ во Радожда, ПОУ „Гоце Делчев“ во селата Јабланица, Луково и Нерези, ПОУ „Мурат Лабуништа“ во Боровец, Ташмаруништа, ПОУ „Единство“ во Долна Белица, ОУ „Зини Хани“ во Велешта.

МИА/ Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Негативни резултати за двајца штипски инфектолзи и главната медицинска сестра

Редакција

Апасиев за изборот на Абази: „На денот на „лидерската“ ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал“

Редакција

Алијансата за Албанците на локалните избори оди со Алтернатива, но останува отворена за соработка

Редакција