еМагазин
Image default
Локално

Осумдесет и три годишна делчевка, која била пријавена за исчезната, пронајдена мртва

Осумдесет и тригодишна делчевка е пронајдена мртва, откако пред два дена била пријавена за исчезната од страна на нејзиниот 53-годишен син.

Делчевката (С.А.), како што информираат од делчевската полиција била пронајдена почината во атарот на селото Чифлик.

-Исчезната С.А. (83) од страна на нејзиниот син Т.А (53) е пронајдена почината во попладневните часови на 19.10.2021 кај месноста „Влашка Трла” во атарот на село Чифлик.

Осумдесет и тригодишната делчевка за исчезната беше пријавена на 18.10.2021 во 16:00 часот, информираат од полицијата во Делчево.

Смртта кај починатата е констатирана од лекар на Итната медицинска помош во Делчево, додека увид по наредба на Јавен обвинител извршила увидна екипа на ОВР Делчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмска бркотница: Со „БМВ Х5“ и бегал на полицијата бидејќи носел 10 Пакистанци

Редакција

Воземирувачко видео од местото на сообраќајката кај Три Чешми во која загина 37-годишен маж од Гевгелија

Редакција

Со „Кавасаки“ удрил во двајца пешаци во Неготино

Редакција