еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Протекол кровот на Драмски театар, откажани престави

Вечерашната претстава „Мојот маж” се откажува поради протекувањето на покривот над сцената и проток на вода во близина на струјните кола кои се наоѓаат во овој дел од театарот, информираат од Драмски театар.

„Проценивме дека е небезбедно да не се изведуваат претстави додека истото не се санира. Водата може да предизвика сериозни проблеми, пожар, струен удар и слично, за што мора да консултираме експерти кои би дале дозвола за понатамошна работа.

И покрај нашите планови да ги вратиме на репертоарот претставите кои не беа изведувани поради кризата со пандемијата, и навистина големиот напор на актерите и вработените во Драмски театар во многу кратки рокови да ги вратат претставите на сцената, за жал техничкиот проблем не можеме да го санираме со сопствени сили.

Се надеваме дека ова во еден догледен рок ќе се санира и ќе можеме да продолжиме со нашите предвидени активности“, велат од Драмски.

Фото: Фејсбук/Драмски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oд 1.323 тестирани, само шест ученици позитивни на Ковид-19, покажува првиот пресек од скринингот на училиштата

Редакција

Историски ден за Македонците во Албанија: Универзитетот во Тирана одобри реактивирање на Лекторатот по македонски јазик

Редакција

Почнува скринингот на учениците за Ковид-19, утре први ќе се тестираат средношколците во Скопје

Редакција