еМагазин
Image default
Локално

Откриени 94 мигранти во камион на патот Радовиш-Штип, возачот побегнал

На 08.08.2020 околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било дадено знак за запирање на товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, кој бил во придружба со уште едно лице, информира МВР.

Возачот го запрел товарното возилото по што веднаш со сопатникот се дале во бегство во непознат правец.

По овластување на Јавен обвинител извршен бил увид на местото на настанот , при што било утврдено дека во товарниот простор на возилото се превезуваат 94 странски државјани-мигранти (државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан).

Лицата се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи-Исток за понатамошна постапка, а по возачот на товарното возило и сопатникот се трага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Охрид во новогодишна атмосфера

Редакција

Турчин претепан и избоден во центарот на Скопје

Редакција

Кривична пријава и притвор за возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа кај обиколницата

Редакција