еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јотова: Палењето на Центарот за култура во Битола е уште една провокација и дел од антибугарската кампања

Палењето на Центарот за култура „Иван Михаjлов“ во Битола е уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања што започна веднаш по отворањето на клубот, напиша на Фејсбук потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јотова, на неговото отворање пред еден месец, на кое учествуваше бројна бугарска делегација, беше констатирано дека единствената функција е да ја зачува бугарската култура и идентитет кај Бугарите во С.Македонија.

-Само брзите активности на надлежните институции во најкус можен рок за откривање на сторителите ќе докажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како и на сите други националности, додаде потпретседателката на Бугарија во својата објава на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден“, се вели во осудата на МНР за палењето на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола

По пожарот, Генчовска ќе го посети центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола

МИА/Фото: Фејсбук/Јотова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Нина девојчето со крофните“: Македонскиот дизајнер Кардула направи постер со српската хероина

Редакција

(Фото) Ципрас во Струмица кај другарот Заев

Редакција

Се огласија бугарските интелектуалци: Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик

Редакција