еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) „Нина девојчето со крофните“: Македонскиот дизајнер Кардула направи постер со српската хероина

Графичкиот дизајнер Зоран Кардула кој честопати изработува постери од личности кои го одбележуваат времето во кое живеат, се истакнуваат во својата работа и професија, како доктори, спортисти, историски личности, настани, овојпат својата креативност ја насочи кон оддавање на признавање на Нина Нинковиќ од Нови Сад, која продаваше крофни за лекување на својот татко.

Нина ги обедини нејзините сограѓани, па редици се чекаа за купување на нејзините крофни, со чиишто пари нејзиниот татко треба да замине на лекување во Москва.

„„Нина девојчето со крофните“ морав да и направам постер како благодарност за нејзината љубов и борба да собере пари за лекување на својот татко.

Би сакал некој од Нови Сад да ми пише за да му ја пратам припремата и ако е во можност да го испринта постерот за да и го поклони на Нина,“ пишува Кардула на неговиот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 11-годишно девојче со продажба на крофни собра пари за лекување на нејзиниот татко и го воодушеви Балканот

Фото: Фејсбук/Кардула

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресудата за Јанкулоска на 8 октомври, поранешната министерка плачеше при завршните зборови

Редакција

Градоначалникот Мерко кривично да одговара за финансиски злоупотреби, побара Антикорупциска

Редакција

Во пресрет на летото: Македонки со секси деколте

Редакција