еМагазин
Image default
Локално

Отстранета рачната бомба која ги вознемири прилепчани

Единицата за антитероризам ја отстрани експлозивната направа – рачна бомба што беше пронајдена денеска околу пладне крај кафе-барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп.

Според портаролот на МВР Тони Ангеловски, крим- техничкото вештачење треба да покаже за каква експлозивна направа станува збор.

– Направата е отстранета и сега следува крим-техничкото вештачење кое треба да покаже за каква екслозивна направа станува збор и за што всушност се работи, а истражната постапка треба да открие дали досега имало некои закани, изјави Ангеловски.

Од МВР ги отфрлаат шпекулациите дека во кафулето била поставена уште една рачна бомба.

– Станува збор за таа што е пронајдена и отстранета пред кафе-барот, под една столица, велат од Министерството за внатрешни работи.

Прилечани ги вознемири веста дека во најфрекфентниот дел на градот е фрлена рачна бомба.

Според СВР Битола,  сопственикот на кафе-барот Гоце. Т. ја пронашол експлозивната направа околу 12:10 часот и ја алармирал сопственикот полицијата.

Единицата за антитероризам од Скопје треба да утврди за што станува збор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рачна бомба поставена кај кафуле во центарот на Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арачиновец насилно грабнал 16-годишна девојка од нејзиниот дом

Редакција

Двајца соседи сакале да го изрешетаат

Редакција

Во сообраќајка кај Пирава загина 56-годишен маж

Редакција