еМагазин
Image default
Локално

ПСК „Пелистер“ не ѝ го дава Копанки на државата: Се сомневаме дека политичарите ќе го продадат

ПСК „Пелистер“ информира дека никогаш нема да го продаде планинарскиот дом „Копанки“, откако Општина Битола им ја одзеде сопственоста и ја пренесе на државата. Од таму велат дека домот се обновува со доброволна работа и донации на планинари и граѓани на Битола.

„На општинските раководства (актуелното и претходното) не им ја пренесуваме сопственоста, бидејќи не веруваме дека ќе го управуваат подобро од планинарите. Се сомневаме дека политичарите ќе го продадат преку разни прикриени форми ( за што се умешни) и домот ќе стане комерцијален објект во кој планинарите ќе немаат пристап.

Не бараме општината да го изгради, ќе го обновуваме етапно, колку што можеме како и нашите претходници, но со цело срце и душа. Не сме фиктивно новоформирано здружение со пет членови, туку здружение со 84-годишна традиција низ кое поминале илјадници битолчани.

Често велиме дека Планинарскиот дом „Копанки“ е манастир на македонското планинарство, а манастир не се гради за една година. Тој што сака може да помогне. Многумина ја препознаа благородноста на идејата и помагаат.

Но, да се правда незаконско донесување на правен акт со кој се одзема сопственоста со брзината на обнова и да се објаснува дека тоа било „морално“, бидејќи ветиле во изборната програма е јасен пример за политички неморал“, велат од клубот.

Фото: ПСК „Пелистер“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Скопје светна новогодишно

Редакција

11-годишно девојче пронајдено починато во село Парналија на Плачковица

Редакција

Почина градежен работник во Штип, откако го потрупало поголема количина на песок

Редакција