еМагазин
Image default
Македонија

Овој месец треба да пристигнат 300.000 вакцини, најави премиерот

Премиерот Зоран Заев очекува во текот на овој месец во земјава да стигнат околу 300.000 вакцини од различни производители и процесот на масовна вакцинација да тече непречено. Вели дека во моментов, согласно количината на вакцини што ја имаме, капацитетите на вакциналните пунктови не се целосно искористени.

„Очекуваме во текот на април да пристигнат повеќе од 300 илјади вакцини. Очекуваме да стигнат првите вакцини од 651.000 дози од Европската унија, наменети за Западен Балкан, од кои за нашата земја се 100.000. Се надевам дека следните денови или следната седмица ќе стигнат од 20 до 25.000 од нив, бидејќи неколку пати напоменуваме дека не зависи тоа од нас, туку и од испорачателот,“ рече Заев.

Тој додаде дека се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од „Фајзер“, со кој, државата има договор за 800.000 вакцини, како и втората пратка преку Ковакс механизмот, која исто така треба да пристигне во тек на овој месец.

Според Заев, се очекува да стигнат и 200 илјади кинески вакцини планирани за овој месец, како и значителна количина од Спутник В, за кои има договор за 200 илјади дози.

Заев истакна дека недостигот на вакцини предизикува проблем и во Германија, Америка, Кина, Русија и секаде во светот, и поради тоа не може да се бара одговорност за недостиг на вакцини во земјава.

„Имаме работа треба да се води грижа за граѓаните, за болните, да излекуваме повеќе пациенти, да се фокусираме системот да фунционира, да имаме вака позитивни реакции што ги гледаме од ситемот на вакцинација, да го јакнеме, да го засилуваме, заради тоа што едно е јасно – дека со вакцината може да ја победиме пандемијата, а истовремено да бидеме ефикасен сервис на граѓаните.

Така што, не ми паѓа на памет да дадам оставка, ниту да барам оставка од најекспонираниот министер во моментот, а тоа е министерот за здравство, кој со здравствениот персонал работи максимално посветено за доброто здравје на нашиот народ, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој вели дека кога ќе има поголеми количини на вакцини во земјата, и кога максимално ќе се искористат капацитетите на постојните вакцинални пунктови, може да се отворат нови.

Тој најави дека Владата размислува за формирање два посебни штаба, едниот во кој ќе учествуваат и министрите за надворешни работи, за европски прашања и за одбрана, како и министерот за здравство за поефикасно транспортирање, прифаќање и диструмуција низ земјата за вакцините кои се нарачани.

Во вториот, пак, како што рече Заев, ќе бидат вклучени МВР, Центарот за управување и кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, за подобра организација на процесот на вакцинација.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за 761 лице за неносење маски

Редакција

Митрополит Тимотеј: Го очекуваме доаѓањето на вселенскиот патријарх и доделувањето на томосот

Редакција

Контролори во Фондот за здравствено осигурување обвинети за примање поткуп

Редакција