еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За рускиот министер Лавров се уште не се знае, американскиот државен секретар Блинкен ќе дојде во Скопје за Самитот на ОБСЕ

Ентони Блинкен, државниот секретар на САД ќе дојде во Скопје за министерскиот Самит на ОБСЕ, а за рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, поради санкциите за Русија, која е членка на ОБСЕ, се уште нема одлука.

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека го очекува Блинкен за неформалната вечер во рамки на Самитот.

Тој рече дека се преговара со Бугарија и Грција, кои исто како и Македонија имаат санкции за прелет на руски авиони, да дозволат прелет за авионот на Лавров, и не гледа причина зошто да не го дозволат тоа.

„Се преговара со Бугарија и Грција. Ако ние донесеме одлука, не гледам зошто да не прифатат, зошто одлуката на ЕУ е јасна, вели со исклучок на настани поврзани со ОБСЕ, други меѓународни организации, бидејќи Лавров беше во Њујорк, но во Обединетите нации, а не во САД.

И тука не доаѓа во Скопје ако дојде, доаѓа во ОБСЕ“, рече тој.

Владата вчера ја тргна забраната за прелет на авионот на Лавров, а конечната одлука им ја препушти на Министерството за надворешни работи (МНР) и Министерството за одбрана (МО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се уште неизвесно доаѓањето на рускиот министер Лавров во Скопје, за министерката Петровска тој не е добредојден

Министерката за одбрана Славјанка Петровска пред неколку дена изјави дека Лавров не е добредојден во Македонија и таа на вчерашната седница на Владата гласала воздржано за тргнување на забраната за прелет.

Османи рече дека е на ист став со Петровска, но само ако Лавров дојаѓа како гостин во Македонија, а не како гостин на ОБСЕ.

„Во национален капацитет сме на ист став со министерката. Но јас сум претседавач на ОБСЕ и имаме различен став. Дадено е овластување на МНР да ја донесе одлуката.

МО дава повикувачки број за сите владини авиони и тоа е техничка работа, безбедносна работа, зошто за такви авиони не дава дозвола за слетување цивилно воздухопловство. Ако ние процениме во МНР дека треба да дојде, тие даваат само повикувачки број“, кажа Османи.

Самитот на ОБСЕ ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“, од 30 ноември до 1. декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР и Одбрана ќе одлучат дали рускиот министер Лавров ќе дојде во Македонија

Владата ја тргна забраната за слетување на авионот на рускиот министер Лавров

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 408 оздравени од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Во Прилеп денеска нема регистрирани новозаболени од коронавирусот

Редакција

Уставниот суд наесен ќе одлучува за казните за злоупотреба на службена должност

Редакција