еМагазин
Image default
Локално

ЈП ПОЦ: Бесплатен паркинг за новогодишните празници

По повод претстојните новогодишни празници ЈП ПОЦ известува дека на  31.12.2018 година (понеделник) отворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16 часот.

„Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 01.01. (вторник) и на 02.01.2019 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2019 година  (четврток) со вообичаено работно време“, велат од таму.

Фото: ПОЦ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица полицајци тепале маж пред сопругата и бабата

Редакција

Град Скопје: Ќе се преиспита оправданоста на сумата на одредена група на приватни превозници поради неправилности

Редакција

Продавачка физички нападната на работно место од 61-годишен маж

Редакција