еМагазин
Image default
Македонија

Пациент со западно нилска треска во тешка состојба е хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациентот заразен со западнонилска треска кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се наоѓа во тешка состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави Милена Стевановиќ, директор на Инфективната клиника.

Ова е прв случај на западно-нилска треска летово во државава, и е потврден лабораториски во Центарот за јавно здравје во Скопје.

Стевановиќ информираше дека хоспитализираниот, на возраст од 66 години, веќе една недела е на лекување на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника, а болеста претходно му е дијагностицирана во ГОБ „8. Септември“ во Скопје.

Инфективната клиника сезонава досега не регистрирале други сомнителни случаи од заразата  којашто е векторски пренослива преку комарци. Најчесто поминува како настинка, а кај  мал процент се манифестира со потешка клиничка слика.

Според Стевановиќ, нема простор за паника кај населението за кое остануваат главните препораки за заштита од комарци.

Покрај прскањето против комарци од страна на надлежните институции, како што вели Стевановиќ, и епидемиолошките и останатите служби преземаат редовни и рутински активности за превенција и заштита.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиника за гастроенетрохепатологија: На Бојан Јовановски му беше закажан преглед, но тој не дојде

Редакција

Македонските државјани во Грција задоволни од можноста да гласаат во амбасадата во Атина

Редакција

Нови дојави за бомби во 15 училишта во Скопје

Редакција