еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пациентите можат да се лекуваат непречено, се справуваме со сајбер напад, велат од Фонд за здравствено осигурување

Фондот за здравствено осигурување соопшти дека пациентите ќе можат да се лекуваат непречено и покрај техничките проблеми и сајбер нападот со кој се соочува институцијата, од којшто се нефункционални дел од ИТ системите.

-И покрај детектираните технички проблеми и нефункционалности на дел од електронскиот систем, пациентите ќе можат и понатаму непречено да се лекуваат на сите клиники, како и преку матичните лекари кои можат да вршат прегледи, да издаваат упати и рецепти кои се подигнуваат во аптеките без застој, соопшти Фондот.

Од таму велат дека се справуваат со сајбер-напад кој ја предизвикува нефункционалноста на дел од ИТ системите. Експертски тим работи 24/7 на справување со предизвиците и нивно отстранување во најбрз можен рок.

-Приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, а ФЗОРСМ веќе има издадени упатства кон подрачните служби за решенија со кои граѓаните тековно ќе ги остваруваат своите права.

Во интерес на прецизно информирање на граѓаните, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, јавноста ќе биде навремено известена, наведуваат од Фондот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Филипче: Состојбата со Ковид-19 е критична, вирусот е широко проширен

Редакција

Истражувачкото новинарство на судење: САД против Асанж

Редакција

Четврти случај на делта сојот во Македонија, за четворица се чекаат резултати

Редакција