еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пациентот сомнителен на мајмунски сипаници одбива да се тестира, нема законска можност да биде присилен

Нема простор за паника, бидејќи не се очекува никаков драматичен развој или сериозно ширење на мајмунските сипаници, велат од Комисијата за заразни болести (КЗБ).

Досега во земјава беа пријавени два суспектни случаи од кои пациентот од Кичево одбива да се тестира, а мигрантот кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести е негативен.

Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски денеска во изјава за медиумите посочи дека на пациентот од Кичево му било понудено да се тестира, но тој одбил и дека нема законска можност да го присилат на тестирање.

– Здравјето е и колективна и индивидуална одговорност на сите жители на државата. Овој случај се јавил на доктор завчера и веднаш е остварена комункација со лекари од Инфективната клиника и со епидемиолози. Оставено е сомневањето врз основа на клиничката презентација.

Понудено му е тестирање, во тој момент не го пријавил тестирањето и не се пријавил за понатамошно лекување. Известени се надлежните служби од Битола, кои реагирале веднаш, а ангажирана е и матичниот лекар. Епидемиологот два пати бил на местото на живеење на овој пациент, разговарано е со членовите на семејството и објаснето е дека тестирањето е најдобро решение, изјави Петличковски.

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести е донесен заклучок да се достави предлог до министерот за здравство за да биде предложен здравствен надзор за лицето кое не сака во моментов да се тестира, со цел да можат да постапат институциите и побрзо да се заврши случајот.

– Очекуваме во текот на наредните денови, согласно тоа постапување да имаме разрешница, изјави портпаролот на КЗБ, Злате Мехмедовиќ, кој појасни дека со овој предлог и со помош на Државниот санитарен здравствен инспекторат и МВР ќе биде лоцирано лицето и ќе биде тестирано.

Во однос на вториот случај за којшто се покажа дека е негативен, исконтактирани се лицата кои биле во близок контакт со него уште пред да се направи тестот, но со тоа што резултатот е негативен, од Комисијата велат дека нема потреба од спроведување на понатамошни мерки.

Во Институтот за јавно здравје, како што соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести, Петличковски има околу 3.300 тестови за мајмунски сипаници. Тој појасни дека доколку некој има симптоми на мајмунски сипници, првично треба да го контактира матичниот лекар, а потоа ако има сомнеж за присуство на сипаниците ќе биде препратен на Инфективната клиника, на соодветен начин.

– Пациентите со мајмунски сипаници се заразни кога ќе им почнат симптомите. Симптомите можат да бидат осип, болни лимфни јазли, покачена температура. Најзаразен е секретот од кожните промени и затоа пустили можат да бидат покриени, кога лицето треба да оди на лекар. Од тука нема задолжително изолирање ниту на пациентите, ниту на контактите, додаде Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мигрантот хоспитализиран на Инфективно е негативен на мајмунски сипаници

Мајмунските сипаници се пренесуваат преку близок контакт и не се шират лесно како Ковид-19, велат од СЗО

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за правда го демантира Мицкоски: Амандмани за Законот за јавно обвинителство не се доставени

Редакција

Нови 214 случаи на Ковид-19 од 2.276 тестирања

Редакција

„Алкалоид“ за три месеци ја зголеми добивката за 12%

Редакција